Наводно украинско беспилотно летало се урнало во зграда во центарот на Москва во петокот, откако било соборен од руската противвоздушна одбрана, што го наруши воздушниот сообраќај на сите цивилни аеродроми во руската престолнина, соопштија руските власти.

Очевидец опишал дека слушнал „силна експлозија“. Фотографиите покажуваат работници и службеници на агенциите за итни случаи како го проверуваат оштетениот покрив на зградата врз која паднале остатоците од дронот.

Руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјавија дека нема настрадани откако противвоздушната одбрана уништила беспилотно летало кое потоа удрило во зградата на Експо центарот во Москва во петокот рано наутро. Експо центарот е група изложбени павилјони и повеќенаменски сали на помалку од пет километри воздушна линија од Кремљ.

Од Киев, како и во претходните случни инциденти, сѐ уште не ја коментирал експлозијата во Москва.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.