Двајца руски војници во близина на Харков починале откако украински цивили ги хранеле со отруени пити, соопшти Украинската одбранбена разузнавачка агенција.

Војниците починале многу брго откако ги изеле печивата што им ги послужиле жителите на Изјум, додека уште 28 војници завршиле на интензивна нега. Истовремено, неколку стотини руски војници „се тешко болни“ затоа што пиеле отровен алкохол што им го понудиле цивили.

Украинските власти на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана се пофалија со текстот насловен: „Окупаторите се отруени од локални жители и алкохол“.

Украинците со сите расположливи средства даваат отпор на окупаторите. Според достапните информации, жителите на областа Изјум (регионот Харков) ги „третирале“ Русите од 3-та моторизирана дивизија со затруени пити.

Поради тоа, двајца починале веднаш, додека 28 се префрлени на одделението за интензивна нега. Нивната моментална ситуација се разјаснува – се наведува во објавата.

Во соопштението се додава и дека „околу 500 припадници на 3-та моторизирана дивизија на Руската Федерација се во болница поради тешко труење со алкохол од непознато потекло“.

Официјален Киев тврди дека руската команда ги третира овие смртни случаи како „неборбени загуби“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.