Генералштабот на украинската армија, утринава, во 6 часот по локално време, го објави својот редовен оперативен извештај за состојбата на теренот, во кој истакна дека нејзините сили водат жестоки битки за одржување на одредени локации и граници.
Во тек е одбранбена операција во источниот дел на оперативната област Доњецк, а напорите се насочени кон одбрана на градот Мариупол“, оопшти армијата.
Според извештајот, руските сили се запрени во напредувањето кон регионот на Дњепропетровск, а во тек е операција за одбрана на градот Чернихив.
Во извештајот се наведуваат „големи загуби во оружје, опрема и работна сила“, покрај загубите на 88 руски авиони и хеликоптери.
Некои непријателски пилоти кои се катапултираа и преживеаја беа пронајдени од украински војници. Тие добија медицинска помош и веќе сведочат за злосторствата на режимот на Путин против човештвото, се наведува во извештајот.
Поради отпорот на украинскиот народ, руските војници се деморализирани со исклучително ниска морална и психолошка состојба поради свесноста за вистинската состојба на работите, соопшти украинскиот Генералштаб на вооружените сили
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.