Украинската армија соопшти дека руски воен брод е уништен во близина на јужниот пристанишен град Бердјанск, што се наоѓа меѓу Крим и опколениот Мриупол.
Во објава на Фејсбук, украинската морнарица наведува дека големиот десантен брод „Орск“ бил погоден и запален во Азовското Море.
Украинските медиуми јавуваат дека еден руски брод потонал, а два горат, како и дека биле погодени складиште за муниција и складиште за гориво на бродот.
Оваа информација не е потврдена од независни извори.
Русија го зазеде Бердјанск пред неколку недели и го користи пристаништето за полнење гориво. Градот се наоѓа помеѓу Крим и опколениот град Мариупол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.