Градоначалникот на Авдеевка, кој со месеци е цел на голема руска офанзива, соопшти дека ситуацијата на некои места е критична, при што се регистрирани првите изолирани „улични битки“ со групи руски војници.
Ситуацијата во градот е многу комплицирана, многу напната. Додека неколку недели велевме дека ситуацијата е многу комплицирана, но под контрола, денес ситуацијата е многу комплицирана, а на некои места и критична“, изјави градоначалникот Виталиј Барабаш.
Авдеевка е град во источна Украина, во непосредна близина на Доњецк, кој важи за најсилно утврдување на украинските сили на целиот фронт.
Сепак, според Барабаш, руските диверзивни и ударни групи силно „го нападнале градот“, предизвикувајќи одделни судири со украинската армија на улиците.
Ова не значи дека сè е изгубено“, додаде градоначалникот, притоа посочувајќи дека руската армија „насочува многу големи сили“ кон градот.
Тој вели дека само во еден ден има по „50 масивни артилериски гранатирања“ во Авдеевка.
Според него, и покрај битките, во овој индустриски град останале 945 цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.