Украинската разузнавачка служба објави листа на која се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча.
Списокот, објавен на веб-страницата на разузнавачката служба што работи во рамките на Министерството за одбрана, содржи имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови на околу 2.000 војници.
Воени злосторници директно вклучени во извршувањето на воените злосторства против украинскиот народ во Буча“, напишаа тие, цитирајќи ги членовите на 64-та одделна моторизирана пешадиска бригада на 35-та армија.
Истата е придружена со пораката: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторства извршени врз цивилното население на Украина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.