Украинските воздохопловни сили сопштија дека во текот на вчерашниот ден собориле пет руски воени авиони и еден хеликоптер, а информацијата ја објави и киевскиот весник „Украинска правда“.
Авионите наводно биле соборени за времена на воздушните напади врз градовите Василков и Бровари, во околината на Киев, а во непосредна близина на градот биле соборени уште и хеликоптер и крстосувачка ракета.
Според весникот, украинските воени авиони отвориле оган врз колона тенкови на руската армија и врз пешадиски единици во близина на Киев и кај Житомир. Гаѓани биле и руски позиции во северниот регион Чернихив и јужниот украински град Бердјанск, што во моментов е под руска контрола.
Нема потврда од независни извори на овие информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.