Претставничката на официјален Киев во Вашингтон, Оксана Маркарова, порача дека Украина ја повикува администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ги санкционира сите приватни руски банки.

Во интервју за „Блумберг“, Маркарова порача дека владата на претседателот Володимир Зеленски сака САД да додаваат неколку банки неделно на списокот на санкционирани руски финансиски институции.

Украинската амбасадорка истакна дека барањето го препратила до Министерството за финансии на САД.

Санкциите се исто толку важни колку и оружјето. Штом се воведат санкции на една банка, некоја друга приватна банка одеднаш станува финансиер на (руската) индустрија или војската – вели Маркарова, поранешна министерка за финансии

Таа додадсе дека секоја руска банка е легитимна цел на санкциите.

Иако неколку банки може да бидат поштедени за одредени цели, сите други треба да бидат санкционирани, бидејќи сите се ангажирани во финансирањето на нивната терористичка машина која води војна – изјави Макарова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.