Началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Василевич Герасимов, ја презел командата над руските војници во Украина, објави украинскиот портал „Дифенс експрес“, кој е тесно поврзан со украинската армија.

Според пишувањето на порталот, генералот Герасимов пристигнал во украинскиот град Изјум, од каде ќе командува со специјална воена операција, како што Русија ја нарекува интервенцијата во Украина.

Американскиот институт за воени студии (ISW), соопшти дека овие наводи не може да ги потврди од независни извори.

На почетокот на април западните медиуми објавија дека рускиот претседател Владимир Путин за командант на сите руски сили во Украина го назначил генералот Александар Дворников, кој претходно командувал со руските трупи во Сирија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.