Украинското министерство за одбрана на својот Твитер профил објави снимка од беспилотно летало на која се покажува како тенкот Т-90М – воена машина од најновата генерација вредна 4,5 милиони евра – експлодира откако беше погоден за време на битката за Стари Салтив, северно од Харков, минатата недела.

Од министерството тврдат дека тенкот бил уништен од ракетниот фрлач „Карл Густаф“ од шведско производство, кој чини околу 20.000 евра, вклучувајќи ја и ракетата.

„Гордоста на руската тенковска индустрија беше уништена од шведскиот рачен противтенковски фрлач на гранати ‘Карл Густаф’“, се вели во твитот на Министерството. Му благодариме на шведскиот народ и на кралот за нивната помош“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.