Технологијата за препознавање лица најде една од своите најстрашни примени во војната во Украина. Повеќе од 8.600 лица на загинати или заробени руски војници се скенирани во земјата откако започна инвазијата за нивно идентификување.
Украинската ИТ армија, волонтерска сила составена од хакери и активисти кои добиваат инструкции од владата, вели дека ги користела тие идентификации за да ги информира семејствата за смртта на 582 Руси. Тоа вклучувало испраќање фотографии од напуштените тела на паднатите војници, пишува „Вашингтон пост“.
Украинците се залагаат за употреба на софтвер за скенирање на лицата на американската технолошка компанија „Clear AI“ како брутален, но ефикасен начин да се поттикне отпорот на инвазијата во Русија и да се обесхрабрат другите борци.
Но, некои воени и технолошки аналитичари се загрижени дека стратегијата може да го разгори гневот поради шокантната кампања насочена кон мајките на руските војници кои на никаков начин не се поврзани со воената машинерија на Кремљ.
Западната солидарност со Украина ја прави примамлива поддршката на таков радикален чин, рече Стефани Хара, надзорен истражувач во Лондон. Сепак, додаде таа, контактирањето со родителите на војниците е „класична психолошка војна“ и може да постави опасен нов стандард за идните конфликти.
– Ако руските војници им го правеа ова на мајките од Украина, можевме да кажеме: „О, Боже мој, тоа е варварско“. И дали навистина функционира? Или ги тера да кажат: „Видете ги овие сурови Украинци, што им прават на нашите момци?“ – рече таа.
Извршниот директор на Clean AI, Хоан Тон-Тат, изјави за Вашингтон пост дека повеќе од 340 службеници во пет украински владини агенции сега можат бесплатно да ја користат нивната алатка за препознавање лица кога сакаат.
Работниците во компанијата сега одржуваат неделни, понекогаш и дневни, онлајн состаноци за обука на полициски и воени службеници кои бараат пристап до алатката откако Украинците ќе видат колку информации – вклучувајќи семејни фотографии, објави на социјалните мрежи и брачен статус – можат да соберат од едно скенирање на труп.
New: Ukraine has run more than 8,600 facial recognition searches on dead or captured Russians in the 50 days since the war began, using the scans to find the soldiers’ social media profiles – and send photos of their corpses to their families back home https://t.co/B3Ztf2albb
— Drew Harwell (@drewharwell) April 15, 2022
Некои од нив ја користат мобилна апликација за скенирање на лица додека се на бојното поле. Други се пријавија за обука додека биле стационирани на контролен пункт или патрола.
Клирвју Ал со „Вашингтон пост“ сподели кореспонденција со три украински агенции – Националната полиција, Министерството за одбрана и трета агенција која побара од компанијата да остане анонимна – потврдувајќи дека софтверот е во нивна употреба. Официјални лица од тие агенции и ИТ армијата одбија да коментираат повеќе. Компанијата одби да идентификува две други украински агенции за кои тврди дека моментално го користат нивниот софтвер.
Во мејловите до кои имал пристап „Вашингтон пост“, претставникот на Министерството за одбрана вели дека алатката била тестирана со скенирање фотографии од лицата на загинатите војници и дека биле „пријатно изненадени“ кога софтверот им дал линкови до Инстаграм профили на руски жртви.
Целиот текст на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.