Украина во јули двојно го зголеми извозот на жито, на повеќе од 4,2 милиони метрички тони, во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Украинската асоцијација на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучното пристаниште на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште на Дунав за извоз на жито во Европа.
Британските медиуми пренесуваат дека Украина во јули извезла 3,7 милиони тони земјоделски производи преку Одеса и 569.000 тони преку Дунав. Тоа е двојно повеќе во споредба со јули минатата година кога преку Одеса беа извезени 291.000 тони и преку Дунав 2,07 милиони тони.
Украинското жито најмногу се транспортирало до пристаништето Ротердам во Холандија, Картагена во Шпанија, како и до Кина, Египет и Турција.
И покрај зголемената продажба од минатиот месец, се очекува вкупен пад на извозот во сезоната 2024/2025. поради неповолните временски услови и влијанието на војната, соопштија од земјоделско консултантско друштво АСАП (ASAP).
Украина воспостави привремен поморски коридор откако договорот за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море пропадна минатата година поради тоа што Русија се повлече од договорот.
Украина е главниот светски производител на пченица и пченка, а пред почетокот на војната во февруари 2022 година, извезуваше околу шест милиони тони жито месечно преку Црното Море
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.