Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти.
Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си.
Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои сега, како што наведе, се „во рацете на непријателот“.
Во лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, имаше и вредна аналитичка опрема, што ја нема никаде на друго место во Европа, соопшти агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.