Украина суспендираше неколку договори за нуклеарна безбедност со Русија, соопшти денеска Украинскиот државен инспекторат за нуклеарна безбедност.
Поради руската воена агресија, Државниот инспекторат за нуклеарна безбедност ги раскинува меѓународните договори за соработка меѓу двете земји во областа на нуклеарната безбедност, стои во пораката на Фејсбук страницата на Инспекторатот.
Конкретно, Украина го суспендира договорот за размена на информации и соработка во областа на безбедносните одредби кои се однесуваат на мировно користење на нуклеарната енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.