Парламентот на Украина, Врховната Рада, одобри повлекување на земјата од низа договори во рамки на Заедницата на независни држави (ЗНД), изјави денеска Тарас Мелничук. – Предлог-закон за повлекување од Договорот на ЗНД за меѓудржавниот резерват на биопрепарати и други производи за заштита на животните, предлог-закон за повлекување од Договорот за поддршка и развој на малите бизниси од ЗНД“, напиша пратеникот Тарас Мелничук на Телеграм, пренесува ТАСС.
Притоа, пратениците го усвоија предлог-законот за повлекување од Протоколот за измени на Договорот за меѓудржавна курирска комуникација. Според Мелничук, тие договори биле или бескорисни или застарени, додека спроведувањето на договорот за курирска комуникација, особено за испраќање официјални документи преку Москва, ги загрозува националните интереси на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.