Градоначалникот на украинскиот град Енерходар, Дмитро Орлов денеска ги обвини руските војници дека ја користат нуклеарната централа Запорожје како тврдина од која отвораат оган.
– Окупаторите почнаа да користат тешко оружје во близина на нуклеарната централа Запорожје, во населени места. Ваквата состојба беше забележана во текот на минатата недела. Окупаторите го гранатираат градот Никопол, на спротивниот брег на реката и многу добро знаат дека украинските вооружени сили нема да одговорат на овие напади бидејќи можат да ја оштетат нуклеарната централа, изјави Орлов за украинската телевизија Еспресо.
Орлов не е во Енерходар бидејќи тој град е под контрола на руските сили уште од првите денови на војната, но вели дека сè уште е во блиска комуникација со своите сограѓани, пренесува Си-Ен-Ен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.