Заменик премиерката на Украина, Ирина Верешчук изјави дека Киев предложил повредените украински војници од челичарницата Азовстал во Мариупол да бидат разменети за руските воени заробеници.

Сè уште нема договор. Продолжуваат преговорите, напиша Верешчук на социјалните мрежи.

Таа додаде дека украинската Влада работи на повеќе опции како да ги спаси бранителите опколени во Азовстал.

Ниту една опција не е совршена, посочи Верешчук.

Украинските војници кои се наоѓаат во Азовстал повеќепати изјавија дека нема да им се предадат на Русите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.