Украинската војска соопшти дека извршила успешни напади врз руските системи за воздушна одбрана на Крим.
Ракетните системи земја-воздух биле оштетени во воздушни напади недалеку од пристанишниот град Севастопол, соопшти украинскиот Генералштаб во објава на Фејсбук.
Во нападите во текот на ноќта биле уништени и резерви на муниција, се вели во соопштението.
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, претходно на Телеграм објави дека бил одбиен украински ракетен напад.
Тврдењата на двете страни немаат официјална потврда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.