Денес Русиja повторно изврши терористички акт против мирното цивилно население на Украина, соопшти Амбасадата на Украина во земјава.

Оттаму испратија видеоснимка од бомбардирањето.

Украинската престолнина Киев и многу други градови се под ракетни напади, објави во понеделникот заменикот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко, повикувајќи ги граѓаните да останат во засолништата, а сведоците јавуваат и за експлозии во рускиот пограничен град Белгород наспроти украинскиот доминантно руски град Харков.

„Украина е под ракетен напад, имаме информации за многу погодени градови во нашата земја“, објави Тимошенко на Telegram.

Вкупно 75 проектили биле лансирани во денешните напади во повеќе украински градови, меѓу кои и во главниот град Киев, во кој, според последниот биланс, загинаа најмалку осум лица, а 24 се повредени.

Според итните служби во Киев има мртви и повредени. Експлозии во понеделникот утрото имало и во Лвов, Тернопил и Житомир на западот на Украина, како и во Дњепар во централниот дел од земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин, ги опшиша денешните ракетни напади врз бројни украински градови како одговор на „терористичките напади“ на руска територија.

Путин предупреди дека може да следува и уште поостар одговор.

Експлозијата на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија е терористички чин, планиран од украинските специјални служби.

„Нема сомнеж. Ова е терористички акт чија цел е уништување на критично важна цивилна инфраструктура“, рече Путин во видеото на каналот Телеграм на Кремљ, пренесе Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.