Украинската канцеларија за економска безбедност денеска извести дека обвинила шест директори на Укроборонпром, главната одбранбена компанија во земјата, за проневера и злоупотреба на службената должност.

Според наодите на истрагата, менаџерите во март 2022 година склучиле договори за набавка на неквалитетна воена опрема во вредност од околу 146 илјади долари.

Опремата не ги задоволуваla стандардите за квалитет, но сепак бila предадена на армијата за извршување на борбени задачи, соопшти канцеларијата, додавајќи дека различните форензички тестови и други докази го потврдиле нејзиниот лош квалитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.