Украина соопшти дека открила 620 руски шпиони – меѓу кои и еден кој очигледно се гледа себеси како Џејмс Бонд и кој го користи прекарот на Скајп – „џемсбонд007“, пишува британски Телеграф.

Украинците не откриваат како дошле до списокот, но истражувачката новинарска група „Белингкет“ вели дека некои од информациите се засноваат на претходни протекувања на податоци.

Официјални лица ги обвинуваат луѓето на списокто за вмешаност во криминални активности низ Европа, а некои од идентификуваните биле активни и во велика Британија.

Списокот ги вклучува нивните имиња, броеви на пасоши, телефонски броеви, па дури и нивните навики – пишува Телеграф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.