Државното биро за истраги на Украина соопшти дека се конфискувани станови, куќи, автомобили и земјиште во сопственост на шефот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“ Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко.

Во соопштението се наведува дека Окружниот суд во Лавов, на предлог на Државното истражно биро и на Јавното обвинителство, запленил уште 154 предмети од движен и недвижен имот на украинскиот пратеник Виктор Медведчук и неговата сопруга.

Државното биро за истраги прецизира дека се запленети 26 автомобили, 30 парцели, 23 куќи, 32 стана, 17 паркинг места и една моторна јахта. Запленет е и уделот во капиталот на 25 компании, сопственост на Медведчук или неговата сопруга.

Шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Иван Баканов, во вторникот вечерта потврди дека е уапсен пратеникот и шеф на политичкиот совет на партијата „Опозициска платформа – За живот, Виктор Медведчук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.