Украина веројатно нема да презема чекори за приклучување на НАТО пактот, бидејќи некои земји членки на воениот блок ги отфрлиле нејзините аспирации, произлегува од интервјуто за Financial Times со Игор Жовква, заменик на шефот на кабинетот на украинскиот претседател.
Според соговорникот, во Киев признаваат дека пристапувањето на Украина на Алијансата е невозможно на краток рок, но изразува надежи дека НАТО ќе го потврди тесното партнерство.
Жовква, исто така, апелира на Алијансата да ја признае централната улога на Украина во европската безбедност на претстојниот самит на НАТО во Мадрид.
Како што е објавено, на состанокот на врвот челниците на земјите членки планирано е да се одреди правецот на стратешкиот развој на организацијата, а претставникот на кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски бара од НАТО да го отстрани секое сомневање на Русија како партнер на Алијансата и да ѝ испрати на Москва „остро и жестоко“ предупредување.
Основачкиот акт за меѓусебните односи, соработка и безбедност меѓу НАТО и Руската Федерација е потпишан на 27-ми мај 1997 година во Париз. Но веќе истата година Алијансата почна со апсорбирањето во своето членство на поранешните советски сателити и членки на Варшавскиот договор, со што постепено се приближуваше кон руските граници. Во Брисел тврдат дека Русија со инвазијата на Украина го напуштила Основачкиот акт (Советот НАТО-Русија), чија клучна одредба била дека две страни повеќе не се сметаат за противници.
„Не се воздржувајте, ова е мојот апел до членките на НАТО кога ќе се формулираат позициите во односите со Русија“, додава украинскиот политичар.
Врховната Рада (парламентот) на Украина во декември 2014 година донесе измени на два закона, коишто овозможуваат промена на неблоковскиот статус на државата. Во февруари во 2019 година украинскиот парламент усвои амандмани во Уставот кои го истакнува курсот на земјата кон Европската унија и НАТО. Набрзо потоа Украина стана шестата држава која го доби статусот на партнер со големи можности на НАТО. Но неколку влијателни земји, во прв ред САД, изјавија дека сѐ уште не се разгледува можноста за прием на Украина во НАТО, а во Берлин истакнаа дека тоа прашање не е дневниот ред.
Во декември 2021 година Русија до САД и НАТО понуди потпишување договор со кој ќе се утврдат ветувањата дадени на Москва во 1990 година кога се согласи на обединувањето на Германија и го распушти Варшавскиот договор, дека Алијансата нема да се шири кон руските граници, а особено бараше воена неутралноста за Украина и Грузија предочувајќи го тоа како свои „црвени линии“. Но Вашингтон и Брисел ја игнорираа таквата понуда на Москва за потпишување сеопфатен договор кој би ја гарантирал безбедноста и стабилноста на Европа, заедно со денуклеаризација на континентот.
Во тој контекст генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кон средината на јуни толкуваше дека споменатиот Основачки акт „не го спречува“ НАТО да го зајакнува „своето присуство во источна Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.