Украинскиот Совет за безбедност денеска ги одобри плановите за прогласување национална вонредна состојба, како одговор на зголемената закана од руска инвазија.
Мерката, која мора формално да биде одобрена од Парламентот, бара засилени проверки на документи и возила, меѓу другите мерки, изјави секретарот на Советот, Олексеј Данилов.
Данилов истакна дека ќе достави извештај до украинскиот Парламент во текот на денот, а се очекува и пратениците да ги одобрат тие безбедносни мерки оваа недела.
Мерките ќе важат за сите делови на Украина, освен за нејзините два источни сепаратистички региони Доњецк и Луганск, поддржани од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.