Во Украина ќе биде прогласена вонредна состојба, одлучи Советот за национална безбедност на земјата.
По состанокот на Советот, највисокиот безбедносен функционер Олексеј Данилов рече дека вонредната состојба ќе биде воведена во сите региони освен Доњецк и Луганск, каде што украинските сили веќе се во војна со сепаратистите поддржани од Русија.
Тој рече дека вонредната состојба првично ќе трае 30 дена.
Сепак, потегот мора да биде одобрен од украинскиот парламент.
Украинската војска рано утрово соопшти дека еден војник е убиен, а шестмина се ранети во 96 гранатирања извршени од проруските сепаратисти во претходните 24 часа. Тој додава дека сепаратистичките сили користеле тешка артилерија, ракетни системи Град.
Украина денеска почна да регрутира резервисти на возраст од 18 до 60 години, со максимален период на служба од една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.