Украинската Влада денеска одобри указ со кој целиот руски имот на територијата на Украина се пренесува на државата односно на државното претпријатие Национален инвестициски фонд.

– И претседателот и Владата повеќе пати зборуваа дека Русија мора да плати за тоа што го уништи во Украина, изјави премиерот Денис Шмигаљ.

Тој на Телеграм објави дека Киев ќе одземе сè што Русија поседува во Украина и тоа ќе го искористи за зајакнување на армијата, за поддршка на луѓето и за обнова на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.