Украинскиот пратеник и член на делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Олексеј Гончаренко, во однос на актуелните случувања меѓу Србија и Косово, на неговиот профил на Твитер порача дека Укараина е подготвена да го брани Косово ако биде нападнато од страна на српските сили.
Ако Србија го нападне Косово, ние треба да ги браниме Косовците. Украина е подготвена да реагира со своите војници на терен, пишува тој додавајќи дека „Србија се обидува да започне агресивна војна, исто како Путин“.
Како што реков, додава тој, Србија е „тројанскиот коњ“ на Путин во Европа.
If Serbia invades #Kosovo, we should defend the Kosovars. 🇺🇦 is ready to act with our troops on the ground. 🇷🇸 is trying to start an aggressive war. Precisely according to Putin’s method. As I said, #Serbia is Putin’s Trojan horse in Europe. War anywhere in the world is terrible.
— Oleksiy Goncharenko (@GoncharenkoUa) July 31, 2022
На неговата изјава реагираше поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, кој кратко му одговори:
Ти си луд.
You are insane. https://t.co/FNkhrN7E4Z
— Richard Grenell (@RichardGrenell) July 31, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.