Украина ќе нанесе удари врз руските позиции на окупираната територија, изјави портпаролот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Черњак.
Тој додаде дека Русите во моментов вложуваат максимални напори да го зачуваат копнениот коридор кон Крим.
Окупаторот не успеа да спроведе ниту еден од своите планови во Украина. Имајќи предвид дека нашите странски партнери нè снабдуваат со ново оружје, така наречениот копнен коридор кон Крим секако не е безбеден. Украина ќе ги нападне руските позиции низ окупираната територија, истакна Черњак.
Тој додаде дека Русија прераспоредува нови воени единици во северниот дел на Крим. Според него, Русија го засилува присуството и во северниот дел на полуостровот и во окупираната област Херсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.