Украинските власти ги обвинија руските сили дека синоќа во ракетен напад ја погодиле хемиската фабрика во близина на градот Суми, предизвикувајќи повеќечасовно истекување на амонијак.

Претходно, портпаролот на руската армија Игор Конашенков изјави дека истекувањето на амонијак е „планирана провокација“ на украинските сили со цел лажно да ја обвинат Русија за хемиски напад.

Истекувањето на амонијакот е запрено по неколку часа.

Конашенков, изјави дека руска крстосувачка ракета синоќа го погодила центарот за обука на украинската армија во регионот Ровно, при што се убиени 80 странски и украински војници.

Локалните власти на регионот Ровно, потврдија дека Русија извршила два ракетни напади на воениот центар за обука, но без да објават детали за бројот на жртви и повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.