Русија и Украина се договорија да формираат заеднички координативен центар за извоз на жито во Истанбул, во кој ќе бидат вклучени претставници од сите страни, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар за локалните медиуми по четиринасочните разговори во кои беа вклучени и Турција и ОН.

Во средата, преговарачите од Русија, Украина, Турција и ОН се состанаа во турскиот град за да разговараат за ситуацијата во врска со запрениот украински извоз.

Пред средбата, министерот за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба рече дека Киев и Москва биле блиску до надминување на ќор-сокакот за ова прашање.

„Постигнат е договор за техничките прашања, како што се заедничките контроли на одредишните точки и… безбедноста на навигирањето низ транспортните рути“, им рече Акар на новинарите. Руските и украинските делегации „би требало повторно да се сретнат во Турција следната недела“, рече тој, додавајќи дека страните „ќе ги разгледаат уште еднаш сите детали“ за време на тој состанок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.