Како што со денови се споменуваше, расте можноста доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД да ги забрза мировните преговори кога тој ќе ја преземе Белата куќа.

Украинските власти долго време нагласуваат дека земјата нема да ѝ отстапи никаква територија на Русија во ниту еден договор. Сепак, новиот извештај сугерира дека овој фактор можеби не е најважниот во пристапот на Киев кон можните преговори.

Во последно време, украинските сили губат територија на истокот на земјата, што ја ослабува нивната позиција во можните преговори.

Трамп претходно изјави дека ќе стави крај на војната на првиот ден од неговото претседателствување.

„За Украина ништо не е поважно од гаранција“

Украинските власти изјавија за Њујорк Тајмс дека гаранциите дека Владимир Путин нема да започне натамошна агресија ќе им биде поважно од какви било спорови за територија.

Роман Костенко, претседател на комисијата за одбрана и разузнавање на украинскиот парламент, рече:

„Преговорите треба да се засноваат на гаранции. Ништо не е поважно за Украина“.

Висок украински функционер, кој разговараше со новинарите под услов да остане анонимен, рече:

„Територијалното прашање е исклучително важно, но сепак е второ по важност. Првото прашање се безбедносните гаранции“.

Од руска страна, Константин Затулин, политичар од партијата на Путин, оваа недела рече дека Русија може да прифати прекин на огнот долж линијата на фронтот до пролет, доколку Украинците бидат истиснати од Курск.

„Сè ќе се заснова на факти“, рече тој. „Сè што имаме ние е наше, сè што има Украина е украинско.

Но, тврдокорните во Москва, вклучително и Константин Малофејев, конзервативен бизнисмен со врски со Кремљ, сугерираат дека веројатно нема да се постигне договор до пролет.

„Ќе биде тешко да се постигне договор токму затоа што и нашата најблага позиција вклучува дополнителни територијални отстапки од Украина“, рече Малофејев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.