Врховната рада на Украина соопшти дека Русија на 26 февруари во ист момент истрелала рекорден број ракети на територијата на Украина, а некои од нив наводно „пристигнале од Белорусија“.
52 ракети беа истрелани од бродови од Црноморската флота, од водите на Севастопол и 18 од територијата на Белорусија. Во исто време, воздушната одбрана на Украина постави рекорд во соборените цели: од 70 истрелани ракети, летаа осум – се вели во соопштението на украинскиот парламент.
По повод тоа соопштение нема официјална реакција од Москва и Минск.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, пак, Игор Конашенков, објави дека до денес се уништени вкупно 289 украински беспилотни летала, 1.656 тенкови и други оклопни борбени возила, 169 повеќецевни ракетни фрлачи, 684 парчиња артилерија и минофрлачи, како и 1.503 специјални воени возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.