Украина ги отфрли новите тврдења на Русија дека претседателот Володимир Зеленски побегнал од земјата.
Тоа е лага! Претседателот е во Киев со својот народ – изјави секретарот на Киевската државна служба за информатичка безбедност и ја обвини Москва дека води војна со информации и шири лажни вести на териториите на Украина кои досега ги окупирале.
Тоа тврдење е одговор на изјавата на претседателот на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, кој на апликацијата Телеграм изјави дека Зеленски ја напуштил земјата, цитирајќи украински пратеници.
Се наоѓа во Полска – рече Володин.
Изјавата доаѓа еден ден откако украинското разузнавање предупреди дека Русија може да шири лажни вести за
заминување на Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.