Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека доколку прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.

Нападот на Русија врз Украина е напад врз принципите што ги воспоставивме по Втората светска војна. Ако дозволиме ова да помине неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија и тоа постојано ќе се повторуваме во сите делови на светот – истакна Блинкен по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Блинкен ја пофали Европска Унија за нејзината брза акција за воведувањето на најстроги санкции против Русија.

Лајен посочи дека ЕУ е подготвена да воведе нови поригорозни санкции доколку рускиот претседател Владимир Путин не ја прекине војната што ја започна.

Ние сме одлучни и обединети. ЕУ и САД ќе застанат покрај Украина и нејзиниот храбар народ – истакна Лајен, додавајќи дека Путин е сè поизолиран, но дека за жал неговата војска продолжува да напаѓа цивили и да уништува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.