Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба соопшти дека неговата земја побарала од Русија во рок од 48 часа да ги објасни своите воени активности во близина на границата со Украина.
Кулеба на Твитер напиша дека Киев официјално почнал механизам за намалување на ризикот во согласност со Параграфот 3 од Виенскиот документ и побарал од Москва да даде детални објаснувања за воените активности во областите во близина на територијата на Украина и Крим.
Кулеба соопшти дека Русија има 48 часа да одговори.
Во случај да нема одговор или ако тој е недоволен или небитен, Украина ќе се обрати кон Русија, како и кон другите потписнички на Виенскиот документ, со цел да одржи вонреден состанок на кој Русија ќе треба да даде објаснување – напиша Кулеба.
Русија со недели наназад има распоредено над 100.000 свои војници во близина на украинската граница.
Москва тврди дека не планира инвазија, но бара безбедносни гаранции од Западот дека НАТО нема да се прошири во Украина и кон другите поранешни советски републики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.