Украинскиот амбасадор во Израел, Јевхен Корнијчук, изјави дека Украина сака да го купи израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железната купола“, како и Израел да одобри трансфер на израелскиот противтенковски наведуван ракетен систем „Спајк СР“ од Германија во Украина.

Минатата недела, врз основа на она што со сигурност го знам, Американците дадоа дозвола ракетите „Спајк“ да бидат префрлени од Германија во Украина, но Израел рече не – изјави Корнијчук, истакнувајќи дека официјален Берлин е подготвен да го изврши трансферот, објави „Ерусалем пост“.

Како што се наведува во мтекстот, тоа ги потврдува претходните информации дека Израел одбил да го потпише трансферот на својот противтенковски одбранбен систем, кој го произведуваше израелската компанија „Рафаел“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.