Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара „безбедносни гаранции“ за неговата земја од Западот и Москва во време кога Украина се соочува со закана од руска инвазија.

На Украина ѝ се потребни безбедносни гаранции, јасни и конкретни, и тоа веднаш. И од Западот и од Русија – изјави Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со колегите од Полска и Литванија колеги Анджеј Дуда и Гитанас Наусед.

Зеленски истакна дека, во моментов, Украина не е членка на ниту еден безбедносен сојуз.

Ние се браниме сами, со поддршка од нашите партнери. Но, Украинците умираат. Затоа на Украина и требаат безбедносни гаранции: јасни, конкретни, итни. Сакаме да знаеме дека можеме да ги заштитиме нашите луѓе, нашите домови, дека не сме оставени сами на себе, дека имаме поддршка и од други партнери.

 

Мислам дека Русија треба да биде меѓу земјите кои даваат јасни безбедносни гаранции – порача Зеленски, потсетувајќи дека тој постојано предлагал средба со претседателот Владимир Путин заради смирување на актуелната криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.