Украина побара итна седница на Советот за безбедност на ОН со цел да се спротивстави на руската „нуклеарна уцена” откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва ќе распореди никлеарно оружје во Белорусија.

Европската Унија пак, и се закани на Белорусија со нови санкции ако тоа оружје биде распоредено, додека САД навестија дека „немаат индиции” дека Москва има намера да употреби нуклеарно оружје во Украина.

Министерството ги повика и Г7 и ЕУ да извршат притисок врз Белорусија и да и се заканат со „големи последици” ако прифати распоредување на руско нуклеарно оружје.

НАТО, пак, ја осуди „опасната и неодговорна нуклеарна реторика”, тврдејќи дека „внимателно ја следи ситуацијата”.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе распореди „тактичко” нуклеарно оружје во Белорусија и дека 10 авиони веќе се спремни за употреба на тоа оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.