Во шведскиот град Малме се случи вистински хорор кога 18-годишен ученик вооружен со секира и нож нападнал и убил две вработени во средно училиште.

Напаѓачот е уапсен под обвинение за убиство, а полиција соопшти дека во инцидентот немало пукање, додека медиумите пренесуваат дека осомничениот имал секира и нож.

Се додава дека тој самиот повикал полиција и признал дека убил две лица. Во моментот на инцидентот во училиштето имало околу 50 луѓе, ученици и наставници.

По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата извршила претрес во објектот, но не нашла индиции дека во инцидентот се вмешани повеќе сторители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.