Властите во Јужна Калифорнија обвинија маж кој застрелал и убил бездомник кој спиел на тротоар и му го блокирал патот додека џогирал, пишува Си-Ен-Ен.

Попладнето на 28 септември, Крег Самнер Елиот (68) џогирал со своите две кучиња во Гарден Гроув, Калифорнија, кога налетал на Антонио Гарсија Авалос (40), кој спиел на тротоарот. Елиот имал количка со себе и го турнал бездомникот да го разбуди за да може да помине покрај него.

Тогаш бездомникот почнал да му вика на Елиот, а 68-годишникот извадил пиштол од количката и го застрелал бездомникот. Канцеларијата на окружниот обвинител вели дека Елиот имал скриена дозвола за носење оружје.

Во соопштението властите наведуваат дека 68-годишникот го снимил целиот инцидент. На видеото се гледа како Авалос му фрлил патика на Елиот, кој се обидиел да го избегне. Неколку секунди подоцна, Елиот трипати пукал во Авалос, кој подоцна починал од повредите.

Полицијата го уапси Елиот на 17 ноември, а тој бил ослободен од притвор на 20 ноември откако плати кауција од 100.000 долари. Судењето започнува во декември, а доколку биде прогласен за виновен, Елиот се соочува со максимална казна од 21 година затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.