Полицијата трага по напаѓачот кој вечерва во центарот на Брисел уби двајца и повреди неколку лица.
На страшната снимка може да се види човек во портокалов комбинезон кој влетал во фоајето на зграда и со автоматска пушка застрела едно лице, кое дури го вратил да провери, а потоа уште две во такси. Тој, наводно, цело време извикувал „Алах Акбар“.
Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот објавил на социјалните мрежи на профилот Слајем Слоума. Во видеото тој на арапски вели дека нападот го извршил во име на Бога.
Слоума наведува дека е припадник на Исламската држава и дека ќе убива неверници. Тој нагласува дека убил три лица за да ги „одмазди муслиманите“, додека претходно го спомнал палестинското момче кое беше брутално убиено во Чикаго.
Од Федералното обвинителство потврдиле дека го виделе видеото, но не можат да потврдат дека тој човек е напаѓачот.
Напаѓачот избегал со скутер.
Жртвите наводно се шведски фудбалски навивачи кои дојдоа на квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу Белгија и Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.