Шестоодделенец загина, а петмина се ранети кога тинејџер пукал во училиште во Ајова. Осомничениот е 17-годишниот Дилан Батлер, средношколец во градот Пери.

Осомничениот, Батлер бил пронајден мртов од полицајците со самонанесена прострелна рана. При претресот на училиштето, потоа била откриена импровизирана експлозивна направа, која била деактивирана од пиротехничари. Пукањето се случило на првиот ден од пролетниот семестар.

Сè уште не ни е сосема јасно што се случило, но можам да потврдам дека веќе нема никаква опасност за граѓаните. Заедницата е безбедна, рече шерифот на округот Далас, Адам Инфанте.

Во зградата во тој момент имало многу малку ученици и наставници. Наставата во средното училиште Пери е откажана за денеска. Пери, град со приближно 7.900 жители, се наоѓа на околу 40 милји северозападно од Де Мојн, главниот град на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.