Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека лидерот на Исламската држава е убиен во Сирија.

Абу Ибрахим ал-Хашими ал Кураши наводно бил убиен. Лидерот на Исламската држава беше меѓу 13-те лица кои беа убиени за време на двочасовна вооружена борба во куќа која ја држат бунтовниците во сириската провинција Идлиб, објави „Скај њуз“.

Се додава дека американската армија не претрпела загуби, а се огласил и Бајден.

Благодарение на вештината и храброста на нашите вооружени сили, го отстранивме лидерот на ИСИС, Абу Ибрахим ал Хашими ал Кураши од бојното поле. Сите војници кои учествуваа во акцијата безбедно се вратија во базата – изјави Бајден.

Да потсетиме, претходно беше објавено дека американските сили за специјални операции денеска успешно ја изведоа антитерористичката акција на северозападот на Сирија.

Според Пентагон, во нападот немало американски жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.