Боливиските власти соопштија дека уапсиле уште четворица воени офицери во врска со обидот за државен удар во средата на одметнатиот генерал Хуан Хозе Зунига, против претседателот Луис Арсе, со што бројот на уапсените се зголеми на 21.
Еден од високите функционери на боливиската влада, Едуардо дел Кастиљо, изјави дека меѓу приведените е и возачот на тенкот кој постојано удирал со тенкот во вратата на владиниот штаб во Ла Паз, како и поранешен капетан на коњаницата, обвинет за давање наредби на војниците кои го зазедоа Муриљо, централниот плоштад во главниот град на Боливија.
Овие луѓе командуваа за уништување на боливиското наследство“, рече Дел Кастиљо.
Обидот за пуч беше режиран од генералот Зунига, кој до неговото апсење во средата беше врховен командант на вооружените сили на Боливија.
Зунига тврдеше, без да обезбеди докази, дека претседателот Арсе му наредил да лажира бунт со цел да ја зајакне својата нарушена популарност поради економските проблеми и зголеменото јавно незадоволство.
Арсе синоќа категорично ги отфрли обвинувањата дека направил „авто-пуч“ за да добие политичка поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.