Полицијата во Италија уапси медицинскa сестра-техничар под обвинение дека фалсификувала вакцинација на најмалку 45 лица против коронавирусот за да можат да добијат здравствена пропусница.

Полицијата ја сними медицинска сестра на работа во огромен центар за вакцини во Анкона, која очигледно ја вбризгува содржината на игла во корпа за медицински отпад пред да се преправа дека истата ја инјектира во раката на пациентот, а потоа става фластер, пишуваат медиумите.

Полицијата во Анкона, на источниот брег на Италија, стави четворица наводни соучесници во домашен притвор, обвинувајќи ги дека пронашле клиенти против вакцини кои биле подготвени да платат за здравствена ковид пропосуница наместо да земаат вакцини.

Под истрага се 45 лица кои наводно добиле пропусници како дел од измамата и тие мораат секојдневно да се јавуваат во полиција, а не смеат да го напуштаат градот во кој живеат, се вели во соопштението на полицијата.

Осомничените се обвинети за корупција, фалсификување информации и проневера, иако полицијата додаде дека лажната шема за вакцинација ги трошела и основните јавни ресурси.

Италија, каде што епидемијата првпат избувна во Европа во февруари 2020 година, вакцинираше 86 отсто од населението на возраст над 12 години, додека околу 60 отсто од оние кои ги исполнуваат условите ја примија бустер дозата.

Имаше неколку случаи на полициски истраги за лажни здравствени пропусници, вклучувајќи го и случајот на стоматолог кој дошол на вакцинација со силиконска лажна рака.

Откако неговиот трик го доведе под кривична истрага, стоматологот објави дека е вакциниран и рече дека само протестира против владините мерки за задолжителна вакцинација на здравствените работници, потсетуваат агенциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.