Осумнаесетгодишен Ирачанец е приведен во Виена во врска со истрагата за наводен заговор за напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во главниот град на Австрија, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи.

Министерството наведува дека приведениот Ирачанец потекнува од истиот круг како главниот осомничен, 19-годишен Австриец, од родители Албанци со потекло од Македонија.

Свифт вчера, денеска и утре требаше да пее на виенскиот стадион „Ернст Хапел“, но концертите се откажани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.