Германските власти денеска објавија дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет.

Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен во синоќа во западниот град Бохум во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен маж и сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа.

Четворица осомничени беа приведени во различни градови низ Северна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец.

Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.