Твитер трајно и без предупредување ќе ги суспендира корисниците кои се претставуваат како постоечки вистински луѓе, откри новиот сопственик на компанијата Илон Маск.
-Во иднина, сите профили на Твитер кои се претставуваат без јасно да наведат дека се „пародија“ ќе бидат трајно суспендирани. Претходно издадовме предупредување пред суспензијата, но сега кога воведуваме широка проверка, нема да има предупредување, напиша Маск на Твитер.
Маск исто така најави дека секоја промена на името ќе предизвика привремено губење на верификацијата што потврдува дека профилот е автентичен.
Овој потег доаѓа откако платформата, наводно, ги суспендираше корисниците кои ги сменија своите кориснички имиња во Илон Маск, вклучувајќи ја американската комичарка Кети Грифин и актерот Рич Сомер.
Маск минатата недела го заврши преземањето на платформата во вредност од 44 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.