„Твитер“ соопшти дека не прекршил ниту една од своите обврски од договорот за преземање со извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс Икс“, Илон Маск, кој се откажа од купувањето.
Маск во петокот објави дека се откажува од намерата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, тврдејќи дека „Твитер“ не открил важни информации, како што се конкретниот број на лажни сметки и спам.
Раководството на „Твитер“ претходно објави дека е посветено на затворање на трансакцијата по цената и условите договорени со Маск и оти планира да покрене правна постапка за спроведување на договорот за „спојување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.