Германскиот парламент одлучи да го задржи надворешното осветлување на зградата на Рајхстагот во Берлин во ноќните часови и покрај повиците да се штеди електрична енергија во земјата.

Портпаролот на Бундестагот соопшти дека внатрешното осветлување ќе се намали, главно во салите и просториите.

Надворешното осветлување ќе остане непроменето поради безбедноста на комплексот, која мора да продолжи да се гарантира – додаде тој.

Слободната демократска партија, која е дел од владината коалиција, на крајот на минатата недела праша дали ноќното осветлување е неопходно и за други важни локации во Берлин, вклучително и Бранденбуршката порта, градското собрание и други.

Комитетот во Бундестагот го одобри планот за заштеда на енергија, со кој ќе се намали ладењето во лето и загревањето на просториите во зградата во зима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.